На ден пред заминувањето за Белград, каде од 26.јули до 3.август ги чека настапот на ЕП од Дивизијата „А“, нашите јуниорски репрезентативци и стручниот штаб ги посети Министерот за спорт, Борко Ристовски.
„Со големо задоволство денеска ја посетив нашата јуниорска кошаркарска репрезентација на последниот тренинг пред заминувањето на Европското првенство што ќе се одржи во Белград. На нашите млади кошаркари им посакувам успешен настап, да играат со срце за Македонија и за македонската публика“.

Посебни мотиви за младите кошаркари носи фактот дека ќе играат во елитната конкуренција, на 16 најдобри селекции „Под 18“ во Европа.
„Оваа генерација е единствената од нашите кошаркарски селекции што ќе се натпреварува на ЕП во најсилната А дивизија. Местото таму го изборија минатата година, кога супериорно, без ниеден пораз ја освоија европската титула во Б дивизија. Посакуваме така да продолжат и на претстојниот шампионат во најсилна конкуренција“.

Во Белград ги очекуваат дуели со силни противници како Литванија, Грција и домаќинот Србија – но овие момци имаат што да покажат“- порача Министерот Ристовски.
Нашата јуниорска репрезентација утре патува за Белград, каде во онаа прва, групна фаза од шампионатот, ќе игра во групата „Ц“ во која се уште и селекциите на Литванија, Грција и домаќинот на претстојното ЕП, репрезентацијата на Србија.