20.09.2021

„Виолетовите“славеа победа на последниот тест-меч против Виторија (57:51), нашиот капитен, втор стрелец

Митрашиновиќ и Тарбс подготвени за квалификациите во ФИБА Евро Купот

Успешна генерална проба направи екипата на Тарбс во пресрет на квалификациите за место во регуларниот дел од ФИБА Евро Купот во женска конкуренција.

Анџелика Митрашиновиќ и нејзиниот нов клуб, Тарбс славеа победа на гостувањето во Виторија од (57:51). Капитенот на нашиот женски национален тим беше втор стрелец во екипата. Реализираше 11.поени, но на почетокот на последниот период се пожали на болки и не го доигра овој последен контролен меч пред патувањето во Кортрајк, каде за два дена ги чека стартот на квалификациите од ФИБА Евро Купот.

Пред Митрашиновиќ да излезе од игра, нејзината екипа имала 16.поени предност (49:33), што се почувствувало во играта на „виолетовите“ во последните дсет минути.