Беше во Будуќност, сезоната, онаа ланската ја доигра како кошаркарка на Баскет Кам, ја круниса со освојување на двојната круна, изборот за најкорисен играч во плеј-офот на македонската Прва лига.
А од пред два дена, Анџелика Митрашиновиќ со нови работни обврски.
Во фрацускиот прволигаш Тарбс, екипа која и посака добредојде на нашата, во овој момент и најдобра кошаркарка.
„Анџелика е играч со кој и претходно имавме контакти. Конечно го добивме нејзиниот потпис, и сме среќни поради тоа. Таа е играч кој дефинитивно ќе биде откритие во францускиот шампионат, и убеден сум дека ќе биде способна да ги покаже сите свои напаѓачки квалитети. Очекувам тоа да се ефектуира во играта на тимот во наредниот шампионат. Добредојде Анџелика“ – изјави Франсоа Гомез, тренерот на овој француски женски прволигаш непосредно пред одработувањето на првиот тренинг, нешто како вовед во новата сезона.

Сезона во која капитенот на нашата женска сениорска репрезентација ќе биде голем предизвик. Посебно ако се земе в предвид дека и денеска, кога наполни 28.години, за прв пат во својата кариера ќе игра во една таква, уште посилна конкуренција во однос на некои претходни сезони.