Македонската кошарка имаше и свои претставници во оној официјален дел на Европското првенство Дивизија „Ц“, за кошаркари „Под 16“ години кое во изминатите денови се одржа во Призрен (Косово).
Посебна почест добија Игор Митровски и Димитар Терзовски кои беа одредени од страна на ФИБА да бидат дел од финалниот натпревар на турнирот во кое се сретнаа селекциите на Андора и на Ерменија.
За прв пат во историјата на овие натпревари делегатот и првиот судија доаѓаат од една иста земја, во овој случај, што е голема почест, од Македонија.
За потсетување, Македонија имаше свој претставник и на завршниот натпревар од ЕП Дивизија „Б“, за кошаркарки „Под 20“ години во Скопје. Зоран Митровски беше дел од судиската тројка која успешно си го заврши својот дел од задачата на средбата Црна Гора и Турција.