11.09.2018

МКФ ги исплати премиите на сениорите

Македонската кошаркарска федерација денеска ги исплати ветените премии на членовите на репрезентацијата во машка сениорска конкуренција која го освои првото место во групата во рамки на првата фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021.

Со три победи од вкупно четири одиграни натпревари сениорите се стационираа на првото место на табелата во групата А и се пласираа во втората фаза од претквалификациите која ќе започне да се одигрува тековната седмица, а ќе заврши во февруари идната година. 

Македонската кошаркарска федерација се надева дека наградата за постигнатиот успех ќе биде дополнителен мотив на сите членови на репрезентацијата за периодот што следи.