Македонската кошаркарска федерација ќе ја продолжи традицијата и оваа календарска година и ќе ги награди најдобрите во кошарката на свечена церемонија на 25. декември, 2017 година.
Сите клубови во младинските и во сениорските конкуренции, сите членови на Здружението на кошаркарски тренери во Република Македонија, членовите на Судиската Комисија при МКФ како и медиумите учествуваат во гласањето за избор на најдобрите кое сè уште е во тек. Се гласа во 13 категории и тоа:
- Најдобар кошаркар
- Најдобра кошаркарка
- Најдобар млад кошаркар
- Најдобра млада кошаркарка
- Најдобра машка екипа (сениори)
- Најдобра женска екипа (сениорки)
- Најдобра машка екипа (младински)
- Најдобра женска екипа (младински)
- Најдобар тренер на машка екипа (сениори)
- Најдобар тренер на женска екипа (сениорки)
- Најдобар тренер на машка екипа (младински)
- Најдобар тренер на женска екипа (младински)
- Најдобар кошаркарски судија
Церемонијата ќе се одржи во „Сквер 21“, на 25. декември (понеделник) со почеток во 19:00 часот.