12.02.2018

МКФ ќе организира превоз на новинари за Купот на РМ

Македонската кошаркарска федерација ќе организира превоз за претставниците на медиумите кои ќе сакаат да ги проследат полуфиналните и финалните натпревари од Купот на Република Македонија.

Се замолуваат претставниците на медиумите на кои ќе им биде потребен превоз до Кавадарци да го потврдат своето присуство на office@basketball.org.mk НАЈДОЦНА до четврток (15. февруари).