30.05.2017

МКФ организатор на завршниот турнир од првенството во М18 (жени)

Бидејќи никој од учесниците на фајналфор турнирот не зема учество на лицитацијата, Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на завршниот турнир од првенството во тековната натпреварувачка сезона во М18 во женска конкуренција.

Натпреварите ќе бидат одиграни претстојниот викенд (3. и 4. јуни) во спортската сала „Шабан Трстена“.
Екипите на Бадел 1862 и на Пелистер ќе си ги одмерат силите во рамки на првиот полуфинален натпревар кој ќе започне во 11:00 часот додека второто полуфинале, во кое ќе се пресметаат екипите на Шкупи и на Струга 2009 ќе започне два часа подоцна, во 13:00 часот.