24.02.2017

Турнир за мали девојчиња во организација на МКФ

МКФ организира турнир за девојчиња до 14 години и помлади

Во рамки на тековната натпреварувачка сезона (2016/2017) Македонската кошаркарска федерација планира да направи турнир за девојчиња родени 2003 година и помали (М14).

Во зависност од заинтересираноста на клубовите ќе биде направен систем на натрпеварувањето. Турнирот би се одржал во Скопје, викендот 11.-12. март.

Ве молиме да доставите писмена потврда до канцеларијата на МКФ дека вашиот клуб ќе учествува, најдоцна до 1. март.

По добивање на точниот број на екипи ќе ви биде доставена и комплетна информација за турнирот како и начинот на регистрација на играчите.