09.11.2018 Македонската кошаркарска федерација ја обнови соработката со националниот телевизиски сервис, Македонската радио телевизија (МРТ). Во наредните две години, како што беше и официјализирано со новиот договор помеѓу двете страни потпишан денеска во просториите на МКФ, сите натпревари на сениорските репрезентации, како и натпревари од Првата лига мажи (регуларен дел, Супер лига и плејоф), Куп натпреварите во машка и во женска конкуренција како и натпреварите на двете сениорски репрезентации ќе продолжат да се емитуваат на каналите на МРТ. Следен репрезентативен натпревар кој ќе се пренесува на МРТ е евроквалификацискиот натпревр на сениорките против Шведска на 17. ноември со почеток од 20 часот и 15 минути додека од домашното првенство ќе се емитува вечното градско дерби помеѓу екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички, закажан за 12. ноември со почеток во 20часот и 15 минути.