19.04.2017

МКФ со иницијатива за втор турнир за девојчиња до 14 години

Македонската кошаркарска федерација повторно покренува иницијатива за одржување на турнир за девојчиња до 14 години.  Првиот турнир беше поздравен од осум екипи и успешно организиран во Скопје, а вториот ќе биде организиран во Струга или во Вевчани.

Се планира, турнирот да биде одржан последниот викенд од тековниот месец април (29. и 30.).

Клубовите кои се заинтересирани мора да го потврдат учеството на турнирот најдоцна до петок (21. април 2017 година).

Сите трошоци за официјалните лица како и за сместување на екипите ќе бидат покриени од страна на МКФ, а клубовите учесници ги покриваат трошоците за патување и за храна.

На првиот турнир, екипата на Струга 2009 го подигна победничкиот трофеј.

Фотографиите од турнирот можат да се погледнат на следните линкови.

Шкупи - Гостивар
Баскет Кам - Трокал

МВП Скопје - Пелистер
Струга - Бадел 1862

Гостивар - МВП Скопје
Баскет Кам - Бадел 1862
Трокал - Струга

Шкупи - Пелистер

Трокал - Шкупи

Пелистер - Струга

Славје