07.02.2018

МКФ закажува прес-конференција

Македонската кошаркарска федерација закажува прес-конференција по повод одржување на Купот на Република Македонија.

Пред-конференцијата ќе се одржи во салата за конференции при хотелот Бест Вестерн (поранешен хотел турист) в понеделник (12. февруари, 2018 година) со почеток во 13:00 часот.

На прес-конференцијата задолжително е присуството на тренерите и на капитените на клубовите кои ќе учествуваат во овогодишното издание на Купот во машка и во женска конкуренција.