05.02.2019 Македонската кошаркарска федерација закажува прес-конференција по повод одржување на завршниот турнир од Купот на Македонија. Осумте најдобри тимови кои се натпреваруваат во машка сениорска конкуренција и четирите најдобри во женска сениорска конкуренција низ три односно два дена натпреварување ќе го одредат шампионот во соодветната конкуренција. Прес-конференцијата, на која збор ќе земат тренерите и капитените на екипите, ќе се одржи во Гевгелија, претстојниот понеделник (11 февруари) со почеток во 12:30 во комплексот НЕГОРСКИ БАЊИ. МКФ ќе организира и превоз на претставниците на медиумите.