20.06.2017 Македонската кошаркарска федерација закажува прес-конференција по повод почеток на подготовките на сениорската национална селекција во машка конкуренција. Прес-конференцијата ќе се одржи во салата за конференции при спортскиот центар „Борис Трајковски“ утре (21. јуни, 2017 година) со почеток во 13:00 часот. На истиот ќе бидат присутни претседателот на МКФ Петар Наумоски и селекторот на репрезентацијата Јорданчо Давитков. Истиот ден, сениорите ќе го одржат и првиот официјален собир, во VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“, со почеток во 19:00 часот. Првите 15 минути ќе бидат отворени за претставниците на медиумите.