26.07.2017

МКФ закажува прес-конференција

Македонската кошаркарска федерација закажува прес-конференција пред започнување на циклусот на натпревари во рамки на претквалификациите за Светското првенство што во 2019 година ќе се одржи в Кина.

Прес-конференцијата ќе се одржи в понеделник (31. јули, 2017 година) во прес-салата при спортскиот центар „Борис Трајковски“, а ќе започне во 12часот и 30минути. На прес-конференцијата збор ќе земат селекторот Јорданчо Давитков и капитенот на националната А-селекција Војдан Стојановски.