Нема време за одмор за нашите најдобри млади кошаркари, играчи родени 2003 година и помлади. Пред се затоа што, го одреди поширокиот список на кандидати, селекторот на машката младинска репрезентација, Никола Василев, ги собра на едно место, во салата на СРЦ „Кале“, каде и официјално стартуваа подготовките за она што следува во наредниот период. Учество на Европското Првенство, од дивизијата „Б“, кое во периодот од 7. до 16.јули ќе се одигра во Скопје.
Согласно со плановите на стручниот штаб, во кој освен селекторот Никола Василев се уште и Нино Чачиќ и Миодраг Тодоровиќ, како асистенти, и Тони Богдановски, кој ќе се грижи за физичката подготовка на оваа наша селекција, во изминатите два дена кандидатите за место на Европското првенство ги минаа задолжителните лекарски прегледи.
И во наредните денови ќе почнат со воведниот дел од подготовките преку кои стручниот тим ќе се определи за најдобрите 12. кошаркари кои ќе ја претставуваат нашата земја на шампионатот кој ќе го организира нашата федерација.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
Амар Хот – Феникс 2010
Марин Петков – Феникс 2010
Андреј Митревски – Феникс 2010
Карло Блажевски – МЗТ Скопје Уни Банка
Филип Пандев – МЗТ Скопје Уни Банка
Виктор Стојковски – МЗТ Скопје Уни Банка
Димитар Иванов - Навико Академија ФМП
Никола Василевски – Навико Академија ФМП
Лука Димитриевски – Куманово 2009
Милош Јовановиќ – Куманово 2009
Андреј Шошкиќ – Работнички
Петар Бошалески – Работнички
Филип Наков – Водно Санс
Никола Бојчев – Еуро Никел 2005
Тома Стојаноски – Гостивар
Христијан Настовски – Чаир 2030
Ненад Јовановиќ – Росето Баскет, Италија
Резарт Мемед – Сигал Приштина, Косово
Теодор Симиќ – Борац Бања Лука, БиХ
СТРУЧЕН ШТАБ
Селектор: Никола Василев
Асистент тренер: Нино Чачиќ
Асистент тренер: Миодраг Тодоровиќ
Кондициски тренер: Тони Богдановски