По одигрувањето на двете пријателски средби, против младинската селекција на Косово во текот на минатата седмица, нашата машка селекција „Под 20“ години ќе реализира уште една „контрола“, последна пред заминувањето за Ереван, каде ги чека настап на ЕП од Дивизијата „Б“.
Утре попладне, од 17.часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, во улога на спаринг-партнер ќе им биде нашата јуниорска репрезентација, која исто така е во оној средишен дел од подготовките за настап на Европското првенство од Дивизијата „А“ кое ова лето се игра во Белград.
„Со оглед на тоа дека за неколлку дена заминуваме за Емрнееија, оваа проверка ќе ни биде добредојдена. Како нас, така и на мојот колега Андреевски од јуниорскиот тим, за нив тоа ќе биде првата проверка, за нас, многу веројатно, последна во периодот на подготовките“ – вели Самарџиев за она што следува пред заминувањето за главниот град на Ерменија.