25.06.2021

Машката селекцијата „Под 18“ години во наредните седум дена на висински подготовки

Младинците на пат за Скопје, јуниорите ги „менуваат“ во Маврово

Со се поголема жестина продолжуваат подготовките на нашите младински селекции кои ова лето ги чекаат настапите на новоформираните натпреварувања на ФИБА наречени „Челенџери“.

Следна селекција која ги започна своите активности, е онаа машката „Под 18“ години.

Кандидатите за место во јуниорскиот национален тим денеска ги спакуваа своите патни торби и заминаа за Маврово каде ќе биде воведниот дел од подготвителниот период.

Селекторот на овој наш национален тим, Никола Василев пред салата на СЦ „Кале“ ги дочека сите повикани кошаркари:

Андреј Митревски (КК ТФТ), Марин Петков (КК Вардар), Резарт Мемед (Aurora Basket Jesi-Италија), Амар Хот, Теон Богатиновски (КК Феникс 2010), Филип Наков (KK Подгорица-Црна Гора), Мирослав Ѓорѓевиќ (NBB New Best Basket-Италија), Павел Атанасов (КК Баскет КАМ), Горазд Величковски, Карло Блажевски, Петар Бошалевски (КК Работнички), Христијан Настовски, Димитар Иванов, Виктор Стојковски, Никола Василевски (КК МЗТ Скопје Аеродром), Милош Јовановиќ (КК Куманово), Тома Стојановски (КК Гостивар), Петар Башовски (Шпанска спортска академија-Шпанија).

Од 3. до 8. август во Скаопје, оваа наша селекција ќе биде дел од групата „А“ на ФИБА „Челенџер“ турнирот на кој ќе ни гостуваат селекциите на Србија, Хрватска, Шпанија, Германија и Грузија.

Успешни подготовки и настап на јуниорите на овој силен меѓународен турнир во организација на ФИБА им посакаа претседателот Перо Антиќ, и спортскиот директор на нашата федерација, Тодор Гечевски.