09.07.2021

Против младинците на Украина одигравме добри 25.минути, но загубивме со незаслужени (61:87)

Младинците на Украина подобри од македонските јуниори

Во втората официјална проверка од подготвителниот период, нашата машка јуниорска селекција загуби од младинската на Украина...

УКРАИНА У20 - МАКЕДОНИЈА У18     87:61

Доста израмето се играше во првoтo полувреме од оваа „контрола“. Дел од играта во кој ниту една од двете селекции не направи некоја изразита предност.

Доиста ефикасната прва четвртина заврши со егал скор (23:23) а работите не се променија многу ниту во втората.

Сите стартери (Петков, Митревски, Хот, Наков и Атанасов) кои на теренот ги извади селекторот Никола Василев успеаја да дојдат до поени, а од резервистите свој придонес во првото полувреме имаа Ѓорѓевиќ (.5поени) и Василевски (4.поени).

Интересно Василев „проба“ дури 14. кошаркари во тие 20.минути (во игра не влезе само (Бачовски).

Не игравме добро во третата четвртина, особено во нападот. За нецели седум минути нашите јуниори реализираа само осум поени, противникот дури десет повеќе. И по таа серија од (18-8), Украина „побегна“ на двоцифрени (53:42), како што беше во 27.минута од „контролата“ во СРЦ „Кале“.   

Со минус десет (46:56) влеговме во последната делница од мечот, а Митревски беше првиот кој дојде до десет реализации во нашата селекција.

Постарите, поискусните Украинци подобро го одиграа и последниот период. Серијата од (12-0) ги донесе и до (68:46), како најава за тримф на овој пријателски натпревар, за нив последен на турнирскиот дел во кој беа опфатени и нашата младинска селекција, бугарската, како и комбинираниот американски состав од универзитетски кошаркари под името „Атлети во акција“.  

По мал одмор, веќе од следната недела, нашите најдобри јуниори ќе имаат уште две проверки. Овопат против селекцијата „Под 20“ години кои на програмата се на 12 односно 13. јули во салата „Независна Македонија“ во Скопје.

Претходно, селекцијата „Под 18“ години загуби убедливо (59:92) во проверката против американската селекција „ Атлети во акција“.