10.06.2021

М20 мажи challenger, 20.07-25.07, Шопрон, Унгарија

Младинците означија почеток на подготовките за европските „challenger“ натпреварувања

Репрезентативците до 20 години, предводени од селекторот Тони Симиќ, денеска означија почеток на официјалните подготовки за европските „challenger“ натпреварувања. Во речиси полн состав младинците започнаа со работа која ќе води до настап на првенството за оваа генерација до 20 години кое ќе се одигра во периодот од 20. јули до 25. јули, во Шопрон Унгарија. 

Првата седмица од подготовките ќе се одржи во Скопје, а потоа младинците ќе заминат на висински подготовки во Маврово. 

Повеќе фотографии се достапни на Facebook страницата на КФСМ.