04.07.2024

Младинската селекција на Македонија одигра уште еден контролен натпревар за време на подготовките, стигна до нов триумф (97:62)

Младинците подобри од комбинирана американска колеџ селекција

Во СРЦ „Кале“ избраниците на селекторот Боро Смилковски за противник имаа комбинирана селекција од САД која настапи под името „Just right“, и со доста подобра игра во три четвртини, освен почетната, стигнаа до убедлива победа.

МАКЕДОНИЈА (У20) – САД КОЛЕЏ ТИМ „JUST RIGHT“ 97:62

Иако уште еднаш во едне некомплетен соства, напите млади кошаркари дојдоа до посакуваната цел - односно победата. Имаа проблеми само во стартната четвртина онаа во која се „привикнуваа“ на сосема непознатиот противник, но на првиот „мал одмор“ сепак имавме минимална предност (24:23).

Следуваше втората, и најдобро одиграна четвртина на нашата селекција „Под 20“ години во која направи (26:8), за висока позитива на полувремето (50:31).

Без особени промени во играта се одвиваа настаните и во второто полувреме. Македонија продолжи да доминира, како одминуваа минутите, така растеше и позитивата за селекцијата која ја предводи Боро Смилковски. На истекот на третиот период, нашиот младински состав поведе со (71;45).

Не се задоволија со тоа нашите млади кошаркари кои „притисснаа“ и во последните десет минути за уште поубедливи (97:62).  

Поради повредите, селекторот Смилковски беше приморан, мораше да ја „скрати ротацијатта“ на само десет имиња.

А шестмина наши кошаркари имаа десет и повеќе поени...

Капитенот Симиќ реализираше 18.поени, Бојчев и Кечовски имаа по 13, Бошалески и Димитриевски по 12, а Стојаноски даде десет (имаше и девет скока најмногу во нашиот тим).

Инаку, двата тима ќе одиграат уште една пријателска средба. Предвидена е за 6.јули (сабота), од 17.часот, исто така во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.