09.07.2022

Избраниот тим на селекторот Никола Василев славеше со убедливи (77:59) во првата проверка која се играше во Скопје

Младинците подобри од Швајцарија

Машката селекција на Македонија стигна до победа во подготвиѕелнито натпревар одигран денеска во „Кале“ против селекцијата на Швајцарија.

Нашиот младински репрезентативен тим имаше одличен финиш во „контролата“ против швајцарскиот. Имавме постојано водство во текот на играта кое во првите десет минути беше (26:23),а  на полувремето уште повисоко (47:39).

Швајцарија ја доби третата четвртина со минимални (15:13), но затоа во последниот период ги симнавме дилемите околу конечниот успех.

Марко Миловановиќ беше нашиот најефикасен играч, реализираше 19.поени. Петков дополни со 12, а Петрушевски со уште 11. поени.

МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА 77:59

(26-23; 21-16; 13-15; 17-4)

МАКЕДОНИЈА: Перица 7, Петрушевски 11, Столевски -, Миловановиќ 19,  Андоноски 4, Данаиловски, Савиќевиќ 8, Златев -, Младеновски 0, Хот 8, Наков 4, Василевски 2, Тачи 2, Петков 12;