Машката селекција на Македонија, за играчи „Под 20“ години, од денеска е во Романија, поточно во градот Тарговиште, каде во наредните два дена ќе ги одигра и првите контролни натпревари од почетокот на подготовките за настап на ЕП од Дивизијата „Б“ кое ова лето (11.-20.јули) ќе се одржи во главниот град на Ерменија, Ереван.
Противник ќе биде домашната младинска репрезентација на Романија, а натпреварите се закажани на 13. и 14. јуни, со почеток од 18.часот по локално време.
Престојот во Романија, селекторот Горан Самарџиев и неговите асистенти ќе го искористат да одиграат уште еден натпревар. Против јуниорската репрезентација на Романија (играчи „Под 18 години“), кој ќе се игра на 16.јуни, во градот Питешти, со почеток од 16.часот по локално време.
На пат за Романија, селекторот Горан Самарџиев поведе 14. кошаркари: Ангел Кечовски, Ангел Стојанов, Бојан Величковски, Димитар Зетов, Дино Лазарев, Грегориј Јакимовски, Исак Муареми, Јордан Кузманов, Koста Ќириловски, Марко Луканоски, Матеј Николовски, Малик Тачи, Сергеј Младеновски и Стефан Стојковиќ