02.07.2019

Младинците со две победи се враќаат од Унгарија и од Бугарија

Нашата младинска репрезентација во машка конкуренција додаде уште две победи на своето конто кои ги заработи на гостински терен во Унгарија односно во Бугарија.

Дарко Радуловиќ со своите избраници се надигруваше против конкурентот од Унгарија изминатиот викенд, а по завршувањето на двомечот во Фехервар замина за Благоевград на уште еден двомеч против соодветната национална селекција на соседна Бугарија.

Во Унгарија младинците прво запишаа победа ос минимални 56-58 (14-9, 14-18, 10-14, 18-17), а потоа и пораз со 56-47 (21-14, 8-12, 17-11, 10-10).

Од натпреварите во Бугарија, кошаркарите од репрезентацијата до 20 години запишаа пораз од 78-73, а потоа и победа со 74-68.

За младинците следат неколку дена тренинзи во Скопје, па заминување за Португалија на Европското првенство (дивизија Б).