19.07.2021

Веќе утре, избраниците на Тони Симиќ ги чека првиот меч на „Челенџерот“

Младинците во Шопрон, прво мал одмор, потоа следува она „вистинското“

Нашата машка селекција „Под 20“ години, пристигна до својата крајна дестинација – Шопрон. Градот во Унгарија каде од утре, па се до 25.јули ќе ги играме натпреварите од групата „Д“, од ФИБА „Челенцер“ турнирот во која се уште и соодветните селекции на Романија, Швајцарија и Луксембург.

Селекцијата со која утре, од 16.30 часот, ќе го стартуваме овој турнир.

„Конечно сме во Шопрон. Момците добија заслужен одмор, но веќе од вечерва почнуваме со работа. Со еден тренинг вечерва, веројатно и утре изутрина, за да се запознаеме со условите за играње во салата каде се игра овој турнир. Пред нас се три натпревари, во зависност од пласманот во групата, извесно е дека ќе имаме уште еден или два“- коментира селекторот Тони Симиќ по доаѓањето во Шопрон.