26.06.2018

Младинците заминаа за Тиват на пријателски турнир

Младинската репрезентација рано утрово замина за Тиват каде во наредните два дена ќе одигра два пријателски натпревари. Репрезентативците до 20 години речиси еден месец се во тренажен процес, обавувајќи подготовки во Скопје и во Маврово. Досега, младинците одиграа и два пријателски натпревара, на домашен терен против Унгарија.

Утре (среда, 27. јуни) младинците ќе си ги одмерат силите со соодветната селекција на Русија со почеток во 19:00 часот, ден подоцна ќе се пресметаат со домаќините на овие пријателски натпревари кои оваа година ќе се борат за опстанок во Дивизија А. Натпреварот против Црна Гора ќе започне во 12:00 часот на 28. јуни.

Неколку дена по враќањето од Црна Гора, младинците ќе заминат за Софија каде ќе одиграат уште два пријателски натпревара против Бугарија. Последни пријателски натпревари пред заминување за Европското првенство (дивизија Б) младинците ќе одиграат в Скопје против Романија.