14.06.2021 М20 жени challenger, 13.07-18.07, Скопје, Македонија Репрезентативките до 20 години, предводени од Саша Димитријевиќ, денеска и официјално означија почеток на подготовките на европскиот „challenger“ кој ќе се одржи за нешто помалку од еден месец во нашата престолнина Скопје. Селекторот ги прозиваше девојките на чии услуги ќе смета во рамки на challenger-от за младинки, а се очекува составот да се комплетира на попладневниот тренинг. Репрезентацијата до 20 години ќе тренира во салата СРЦ „Кале“ каде од 13. јули ќе се надигрува со репрезентациите на Романија, Луксембург, Словачка и Косово. Повеќе фотографии се достапни на Facebook страницата на КФСМ.