Женската селекција „Под 20“ години го напушти Скопје, и високите температури кои со себе ги донесе летото во нашиот главен град, и од вчера тренажниот процес го продолжи во Крушево.
Местото со многу повисока надморска висина, и доста степени пониска температура, каде ќе биде реализирана втората фаза од подготовките за она што девојките ги чека во наредниот период, а ќе кулминира со настап на ФИБА „Челенџер“ турнирот кој ќе биде во организација на нашата федерација, а ќе се одржи во периодот од 13. до 18. јули во Скопје.
Селекторот Саша Димитријевиќ е задоволен од досегашниот тек на подготвителниот период.
„Втората фаза на подготовките за ФИБА ‘Челенџер’ турнирот во Скопје ја почнавме вчера во Крушево каде имаме одлични услови за добра работа. Предпладне се работи на подобрување на физичката подготвеност со комбинација на тренинг во сала, а попладне исклучиво во сала. Задоволен сум од ангажирањето на сите кошаркарки. Продолжуваме во исто темпо, и се надевам дека ќе бидеме во комплетен состав за она што следува во наредниот дел од подготовките“ – рапортира од Крушево, селекторот на оваа наша женска селекција.