Овој викенд ќе биде резервиран и за почетокот на натпреварите во најмалата возрасна категорија на кошаркари и кошаркарки - М12 лигата.
Согласно со последниот „пресек“ на пријавени екипи во двете конкуренции, формирани се и натпреварувачките групи.
Во машкиот дел од М12 лигата, во оваа натпреварувачка сезона се натпреваруваат вкупно 18. екипи. Ќе бидат поделени во три натпреварувачки групи (со по шест екипи-учесници).
Системот за натпреварување вели дека во првиот дел ќе се игра според принципот „секој со секого“, односно секоја екипа ќе одигра по десет натпревари во тој прв сегмент од натпреварувањето.
Најдобрите пет екипи од трите групи, и најдобропласираната шеста екипа ќе играат во плеј-офот, односно ќе обезбедат пласман во осминафиналето. Во оваа фаза ќе се игра според принципот „дома-гости“ (вкупен кош-количник), со предност на домашен терен на екипите со подобар пласман во првиот дел од М12 лигата. Победниците од осминафиналните дуели, ќе играат во четвртфиналето, кое ќе се игра според принципот „подобар од три натпревари“, со предност на домашен терен на екипата која има подобар пласман во регуларната фаза од М12 лигата.
Согласно со календарот за натпреварување, првиот дел од натпреварувањето ќе биде реализиран заклучно со 14.март, 2026 година.
Кај девојчињата, за оваа натпреварувачка сезона има девет пријавени екипи. Ќе бидат поделени во две групи, „Исток“ (со четири) и „Запад“ во која се вклучени пет екипи.
По одигрувањето на првата фаза „секој со секого“, по двокружен систем, следува втората, односно т.н. „Оролоџо“, по кое најдобрите две екипи од двете групи ќе обезбедат пласман на завршниот турнир во оваа возрасна категорија.
„АДАСТРА“ М12 ЛИГА
МАЖИ
ГРУПА 1: Вардар, Тетова булс, Водно Санс, Пелистер, Охрид, Гостивар 2;
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
ГРУПА 2: Борец, Чаир, Спортисимо, ТФТ. Феникс 2010, Струмица Ролинг;
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
ГРУПА 3: МЗТ Скопје Аеродром, Шарпланински рисови, Петровски, МКК Вардар. Работнички, Колибри;
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
ЖЕНИ
ГРУПА ЗАПАД: Струга 2009, Охрид, Декса, Петровски, Колибри;
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
ГРУПА ИСТОК: Бадел 1862, МВП Скопје, Крива паланка, Вардар
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ