Екипата на Работнички е вториот финалист на завршниот турнир во М14 лигата во машка конкуренција, откако во вториот полуфинален натпревар, беше подобра од Феникс 2010.
РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС 2010 76:61
Освен почетното водство на Феникс 2010, во првиот дел од полуфиналето се беше на страна на екипата на Работнички. Направија „црвено-белите“ предност уште во првата четвртина во која поведоа со (23:16), и таа предност, не ја испуштаа.
Ги имаа расположените Јетиши и Аврамовиќ кои искомбинираа 29.поени во првото полувреме во кое Работнички се одвои на високи (47:34). Период од играта во кој на спротивната страна поентерски се издвои Филипче, реализатор на 15.поени.

Во второто полувреме „фениксовци“ се обидоа да ја анулираат двоцифрената негатива, но Работнички знаеше да одговори, односно да го одбрани водството стекнато во првото полувреме.
Во средината на третиот период, одново беше плус 13, (53:40) за Работнички. Но не се задоволија со тоа „центарци“, притиснаа уште повеќе, стигнаа и до уште повисока позитива (56:40). На крајот на третиот дел, Феникс 2010 намали, но на негатива која ја имаше на полувремето (47:60).
На нецели три минути пред крајот од последната четвртина, Феникс 2010 се спушти на едноцифрен минус. Заостануваше само шест поени (61:67). Но уште еднаш, младите кошаркари во црвена опрема, одговорија, сега со пет поени по ред, за одвојување на (72:61) на 2:11 минути до крајот на овој полуфинален меч. Премногу за Феникс 2010.

Јетиши заврши со 32.реализации, а Аврамовиќ имаше уште 18 за Работнички, додека далеку најефикасен играч на Феникс 2010 беше Филипче, кој застана на бројката од 26. поени.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М14-МАЖИ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ПОЛУФИНАЛЕ – РЕЗУЛТАТИ
МЗТ Скопје – Струмица Ролинг 69:48
Работнички – Феникс 2010 76:61
18.МАЈ (НЕДЕЛА)
13.30: За трето место – Струмица Ролинг – Феникс 2010
16.00: Финале – МЗТ Скопје – Работнички