31.05.2025

Во првиот полуфинален натпревар на турнирот, кадетките од Аеродром подобри од штипјанки (68:58)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ - ФИНАЛЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-ЖЕНИ: Кадетките на МЗТ Скопје се први финалистки

Кадетките на МЗТ Скопје се први финалистки на завршниот турнир од М16 лигата во женска конкуренција.

Во првиот натпревар од полуфиналето на турнирот кој се одржува во СРЦ „Кале“ во Скопје, стигнаа до сигурен триумф против екипата на Тим Арена од Штип.

МЗТ СКОПЈЕ – ТИМ АРЕНА        68:58

Младите штипјанки ја добија првата четвртина, макар и со минимални (19:18), но во втората, потполна доминација на кадетките на МЗТ Скопје. Предводени од одличната Карајованова (реализираше 14.поени во првото полувреме), девојките од Аеродром направија пресврт, поточно солидна позитива, која на полувремето беше и блиску до двоцифрена (36:28).

На другата страна, очекувано, прв поентер беше Колева, која имаше 17.реализации, односно поголем дел од поените на Тим Арена.  

Во второто полувреме, освен Карајованаова, двоен број на поени за МЗТ Скопје веќе имаа и Сарафиловска и Милосављевиќ, што придонесе да ја зголемат разликата, да дојдат и на плус од 16.поени (53:37).

Така беше и по три одиграни четвртини од полуфиналето (56:40). Недостижна негатива за ривалот во овој полуфинален натпревар.

„Трилингот“ на екипата во „сино-бела“ комбинација на крајот од играта собра вкупно 49.поени, дополнети со уште 13 кои дојдоа од Димовска.

Оттука остана без валоризација крајниот индивидуален ефект на Ива Колева, која освен тоа што даде 37.поени за Тим Арена, оствари уште и седум скока,и дури осум освоени топки...

Од 18.30 часот, во вториот полуфинален меч од завршниот турнир, ќе се сретнат екипите на Вардар и Спорт тим од Неготино. 

ФИНАЛЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-ЖЕНИ

31.МАЈ (САБОТА)

ПОЛУФИНАЛЕ

МЗТ Скопје – Тим Арена            68:58

18.30: Спорт тим - Вардар

1.ЈУНИ (НЕДЕЛА)

16.00: За трето место: Тим Арена – Спорт тим/Вардар

18.30: Финале: МЗТ Скопје Аеродром - Вардар/Спорт тим