01.06.2025

Младите кошаркарки од Штип го освоија третото место на завршниот турнир откако славеа убедлива победа над неготински Спорт тим (59:27)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ - ФИНАЛЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-ЖЕНИ: Колева донесе „бронза“ за Тим Арена

Екипата на Тим Арена е освојувач на третото место, односно бронзените медали на завршниот турнир од М16 лигата во женска конкуренција.

Во т.н. „мало“ финале, штипјанки беа подобри од неготински Спорт тим. По релативно израмнетото прво полувреме, сите дилеми беа тргнати во третата четвртина во која девојките од Штип, предводени од капитенот Ива Колева, ја направија клучната разлика.

ТИМ АРЕНА – СПОРТ ТИМ         59:27

Младите кошаркарки од Штип ја имаа почетната предност. Реализираа десет поени во серија, поведоа со (10-0), но тука и подзастанаа.

Тоа противничките кошаркарки знаеја да го искористат, доволно да анулираат поголем дел од почетната негатива. Намалија девојките од Неготино и на (8:10), нешто подоцна и на (11:12), пред најдобрата кошркарка на Тим Арена, Колева не „врзе“ нови пет поени (вкупно 14.во тоа прво полувреме), и го одвои својот тим на (17:11).

Сепак, на одморот Спорт тим имаше минус од само два поени (15:17), откако погодија Коцева и Димова.  

По само две и пол минути игра од третата четвртина, со серија од осум поени, екипата од Штип се одвои на двоцифрена предност (25:15).

Капитенот на Тим Арена вклучи во една брзина погоре, што веднаш беше видливо и на резултатот. За само неколку минути, штипјанки се одвоија на плус 18 (37:19).

По три одиграни периоди, разликата беше уште поголема, (42:19) во корист на Тим Арена, која во тол дел од мечот направи огромни (25-4).

На крајот од овој меч за третото место во шампионатот, Колева заврши со ефект од 27.поени, шест освоени топки четири скока и три асистенции за 31:30 минути во игра.

Нешто подоцна, од 18.30 часот, на распоредот е финалниот натпревар од М16 лигата, во кој ќе се сретнат скопските ривали, екипите на Вардар и на МЗТ Скопје Аеродром.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

МЗТ Скопје – Тим Арена            68:58

Спорт тим – Вардар         29:69

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Тим Арена – Спорт тим  59:27

18.30: Финале: МЗТ Скопје Аеродром - Вардар