Кошаркарките на Вардар се вториот финалист на завршниот турнир од М16 лигата во женска конкуренција, откако во вториот меч од полуфиналето беа доста подобри од неготински Спорт тим.
СПОРТ ТИМ – ВАРДАР 29:69
Од самиот почеток на полуфиналето наметнаа свој стил на игра, а во рекетот доминираше Трајковска, која беше и најекспонираната кошаркарка на теренот во таа рана фаза од натпреварот.
До крајот на првата четвртина, фаворитот се стекна со солидна предност (15:7). По нецели две минути од вториот период, и мини-серијата од шест поени, Вардар поведе со (19:7), а до крајот на полувремето таа разлика ја зголемија на плус 17, (37:20).

Трајковска веќе беше блиску до двоен ефект, затоа што на 15.поени додаде и осум скока. Додека во составот од Неготино во тие 20.минути, по девет реализации имаа Леова и Динова.
На половина од третиот период, Вардар имаше двојно повисоки (48:24), само како потврда плус, за предноста во квалитет, па и во квантитет во однос на ривалот од Неготино.
Покрај Трајковска, која заврши со ефект од 17.поени и 8.скока, во второто полувреме, до двоен број на поени стигнаа Пислевска, која даде 13 (плус по три скока и исто толку асистенции), Антова дојде до 12, два помалку имаше и Начевска (плус седум скока).
Во екипата на Спорт тим, Динова даде 14 (плус и 10. скока), а Леова имаше 11 (и пет скока).
Финалниот натпревар се игра во недела, од 18.30 часот, ќе играат Вардар и МЗТ Скопје, кој беше подобар од Тим Арена. Нешто порано, од 16.часот, во натпреварот за третото место ќе се сретнат Тим Арена и Спорт тим.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ - ПОЛУФИНАЛЕ
МЗТ Скопје – Тим Арена 68:58
Спорт тим – Вардар 29:69
1.ЈУНИ (НЕДЕЛА)
16.00: За трето место: Тим Арена – Спорт тим
18.30: Финале: МЗТ Скопје Аеродром - Вардар