Екипата на Бадел 1862 е вториот финалист во М12 лигата во женска конкуренција. Младите „баделки“ беа подобри во полуфиналниот дуел против екипата на Струга 2009, па во утрешното финале ќе се борат за победничкиот трофеј во оваа возрасна конкиуренција.
БАДЕЛ 1862 - СТРУГА 2009 49:22
Беа многу подобар ривал во однос на стружанки кои имаа доста проблеми, особено со организацијата, но и со реализацијата на своите напади.
По почетното водство (10:5), домашната екипа имаше поголеми (27:!4) на полувремето, а пред истекот на третата четвртина, Бадел 1862 имаше двојно поголеми (36:18), а на влезот на последната, и недостижни (39:18).

Како потврда на пласманот во финалниот натпревар (недела, 15.часот), во кој за победничкиот пехар во оваа М12 лига, ќе се борат со екипата на Петровски од Битола која претходно го елиминираше скопски Вардар.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М12 ЛИГА-ЖЕНИ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ПОЛУФИНАЛЕ
17.МАЈ (САБОТА)
Вардар – Петровски 35:49
Бадел 1862 - Струга 2009 49:22
18.МАЈ (НЕДЕЛА)
12.30: За трето место – Вардар - Струга 2009
15.00: Финале – Петровски - Бадел 1862
*Сите натпревари се играат во салата „Независна Македонија“ - Скопје