Двата финалисти во М12 лигата одиграа доста изедначен натпревар во големото финале, но на крајот, победата остана за младите кошаркарки на Бадел 1862.

ФИНАЛЕ
ПЕТРОВСКИ - БАДЕЛ 1862 37:39
Доста изедначено се играше во првото полувреме од финалниот натпревар во М12 лигата во женска конкуренција. Двете екипи направија неколку промени во водството, а на полувремето, екипата на Бадел 1862 имаше минимално водство, (19:18).
Во третиот дел од финалето, подобро се снајдоа кошаркарките од Битола, кои успеаја да го вратат водството на своја страна (25:23), но само за момент, затоа што на почетокот на последната четвртина, одново водеа „баделки“, (27:26).

Неизвесноста во финалето продолжи до самиот крај. На две минути пред крајот, резултатот беше изедначен, двете екипи имаа по 37. поени.
Поените кои го одлучија шампионот ги постигна Матеска, која со двете реализирани слободни фрлања, ги постави конечните (39:37).
Токму Матеска, која реализираше 16.поени, и Крстиќ со 11, го промовираа Бадел 1862 во шампион во М12 лигата. А оваа млада кошаркарка го доби и признанието за најкорисен играч на турнирот која и го додели македонската репрезентативка Александра Стојановска.

На другата страна од теренот, Наумовска беше прв стрелец, постигна 20.поени, кои на крајот останаа без валоризација.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М12 ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Вардар – Петровски 35:49
Бадел 1862 - Струга 2009 49:22
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Вардар - Струга 2009 44:26
ФИНАЛЕ
Петровски - Бадел 1862 37:39