17.05.2025

Девојчињата од Битола стигнаа до сигурен триумф (49:35), во полуфиналниот натпревар во салата „Независна Македонија“ во Скопје

МЛАДИНСКИ ЛИГИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР М12 ЛИГА-ЖЕНИ: Петровски подобар од Вардар

Младите кошаркарки на Петровски ќе играат во финалето на М12 лигата во женска конкуренција, откако во првиот полуфинален меч од завршниот турнир во Скопје, беа подобри од екипата на Вардар.

ВАРДАР– ПЕТРОВСКИ   35:49

Екипата од Битола беше подобар ривал, и освен во последниот дел, кој му припадна на Вардар, имаа постојана предност. Прво од (13:7), за во вториот период Петровски да се одвои и на уште повисоки (33:17), и практично да го реши прашањето околу конечниот победник, макар што пред двете екипи ги чекаше уште едно полувреме.

Но „вардарки“ немаа сили, немаа неергија да се вратат во натпреварот, гостинките од Битола ја задржаа високата предност и се изборија за место во финалето каде го чекаат подобриот од средбата Бадел 1862 – Струга 2009.

Налевска беше прв стрелец во екипата на Петровски, постигна 21.поен, додека одлична поентерска логистика доби од Наумовска која забележа 18. реализации.

Кај Вардар, Несторовска и Пацоли дадоа по шест поени.

 

 

 

ФИНАЛЕН ТУРНИР М12 ЛИГА-ЖЕНИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ

17.МАЈ (САБОТА)

Вардар – Петровски      35:49

16.30: Бадел 1862 - Струга 2009

18.МАЈ (НЕДЕЛА)

12.30: За трето место – Вардар - Бадел 1862/Струга 2009

15.00: Финале – Петровски - Бадел 1862/Струга 2009

*Сите натпревари се играат во салата „Независна Македонија“ - Скопје