18.05.2025

Во „малото финале“, екипата на Вардар беше подобра од Струга 2009, победи со резултат (44:26)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР М12 ЛИГА-ЖЕНИ: Трето место за Вардар

Екипата на Вардар, кошаркарки „Под 12“ години е освојувач на третото место на завршниот турнир кој овој викенд се игра во салата „Независна Македонија“ во Скопје

ЗА ТРЕТО МЕСТО

ВАРДАР - СТРУГА 2009  44:26

Во натпреварот за бронзените одличја, младите кошаркарки на Вардар бе амногу подобри од своите врснички од Струга, и заслужено го освоија третото место на финалниот турнир.

Ристовска реализираше 11.поени за победничката екипа. На другата страна, во екипата на Струга 2009, со 12. поени се издвои Јанкоска.

Од 15.часот, следува финалниот натпревар на турнирот во кој за првото место ќе играат екипите на Бадел 1862 и Петровски од Битола.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М12 ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ - ПОЛУФИНАЛЕ

Вардар – Петровски      35:49

Бадел 1862 - Струга 2009        49:22

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Вардар - Струга 2009    44:26

ФИНАЛЕ

15.00: ПЕТРОВСКИ - БАДЕЛ 1862     0:0

*Натпреварите се играат во салата „Независна Македонија“ - Скопје