25.05.2025

Во натпреварот за шампионскиот трофеј, „вардарки“ убедливи против МЗТ Скопје Аеродром, високи (64:47)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР М18 ЛИГА-ЖЕНИ: Без дилеми, Вардар е најдобрата екипа во женска јуниорска конкуренција

Екипата на Вардар е освојувач на победничкиот пехар наменет за најдобрата во М18 лигата во женска младинска конкуренција.

Имаа пеколна прва четвртина девојките во „црвено-црна“ комбинација во финалниот меч, со која противникот, екипата на МЗТ Скопје, го оставија без никаква шанса за успех.

МЗТ СКОПЈЕ – ВАРДАР    47:64

За неполни пет минути, младите кошаркарки на Вардар направија осетна предност, поведоа со (8-0), за ран тајм-аут на тренерот на МЗТ Скопје, Горан Крстевски.

До крајот на првата четвртина, „вардарки“ реализираа уште толку поени и ја најавија победата во финалниот меч од М18 лигата во женска конкуренција.

Кошаркарките на МЗТ Скопје делуваа премногу импресионирано практично до првата минута од финалето. Никако не успеваа да ја пронајдат својата игра која и ги донесе до последниот натпревар во оваа наатпреварувачка сезона.

Осумте поени во серија на почетокот на вториот период, беа некаква најава дека МЗТ Скопје може да биде конкурентен во битката за златните медали.

Но и тој блесок на девојките во „сино-бела“ комбинација не траеше долго. Вардар брзо ја врати предноста од првата четвртина.

На големата пауза заминаа со повеќе од убедливи (38:14). Со комплетен придонес на стартерите, од кои Џангаровска впиша десет поени, а Начевска беше блиску до двоен ефект (9.поени и 10.скока).

Релативно израмнета беше играта во третиот дел од финалето. Но сепак Вардар го „доби“ и тој период, со (19:15), за уште повисоки и недостижни (57:29).

Дел до играта во кој Начевска веќе стигна до дабл-дабл ефект од 16.поени и 18.скока, Џангаровска ја следеше со 14.реализации, Николиќ заврши со 10..

Алексова финишираше со 14.поени за МЗТ Скопје, екипата која мораше да се задоволи со сребрените медали на финалниот турнир.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М18 ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Бадел 1862 – MЗТ Скопје           49:63

Вардар - Крива Паланка             80:44

Натпревар за трето место

Бадел 1862 - Крива Паланка    80:61

Финале

МЗТ Скопје – Вардар       47:64