25.05.2025

Во „малото“ финале, популарните „баделки“ стигнаа до убедлива победа над Крива Паланка (80:61)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР М18 ЛИГА-ЖЕНИ: Бронзените медали за Бадел 1862

Во натпреварот за третото место на завршниот турнир од М18 лигата, екипата на Бадел 1862 стигна до сигурна победа против Крива Паланка, и на тој начин дојде до бронзените медали од оваа натпреварување во Младинските лиги на Македонија

БАДЕЛ 1862 - КРИВА ПАЛАНКА            80:61

„Баделки “одлично ја одиграа првата четвртина од „малото финале“. Уште во првите десет минути се стекнаа со двоцифрено водство (23:12), кое до одморот го донесоа до уште повисоки (44:27) како најава за крајниот успех – освојувањето на третото место.

Комплетната почетна петорка во која со десет поени се издвои Малиновска, успеа да се запише во листата на стреците во тој прв дел од натпреварот.

Ист број на поени 10,  на спротивната страна од теренот постигна и Груевска, но без сериозна поентерска поддршка од соиграчките.  

Дека колективот пресуди и на овој меч, потврда плус е и распределбата на поените. Вели дека комплетната прва петорка на Бадел 1862 заврши со двоен број на поени. Им се приклучи и Стевановска, која реализираше 12.поени.

Малиновска заврши со дабл-дабл ефект од 14.поени и 11. скока (плус 5 додавања), Анастасова исто така имаше двоен скор од 13.поени и 13.скока, и недостасуваа само уште две асистенции за трипл-дабл ефект, додека најефикасна, со 17.поени беше Чолакоска..  

Кај Крива Паланка, далеку најефикасна беше Груевска, која даде 24.поени, (плус седум скока), Илијевска ја следеше со 12.

Од 14.30 часот стартува финалниот натпревар. Во битка за победничкиот пехар ќе се сретнат скопските ривали Вардар и МЗТ Скопје Аеродром.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М18 ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Бадел 1862 – MЗТ Скопје           49:63

Вардар - Крива Паланка             80:44

Натпревар за трето место

Бадел 1862 - Крива Паланка    80:61

14.30: Финале-денеска

МЗТ Скопје - Вардар