24.05.2025

Завршен турнир, М18 жени, сезона 2024-2025

МЛАДИНСКИ ЛИГИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР М18 ЛИГА-ЖЕНИ: МЗТ С.А подобар од Бадел 1862

Кошаркарките од редовите на МЗТ Скопје Аеродром се првиот патник во финалето од завршниот турнир во женска јуниорска конкуренција откако во првото полуфинале кое се одигра денес со почеток во 12:00 часот ги совладаа кошаркарките од Бадел 1862 со 49-63 односно 10-15, 14-11, 12-16 и 13-21 по периоди.

Дури пет кошаркарки од сино-белиот табор се запишаа во листата на стрелци со двоцифрен учинок. Милосављевиќ запиша 15 поени зад своето име, додавајќи и уште 10 скока за дабл-дабл ефект односно вкупен индекс од 22 поени на корисност. Дабл-дабл запиша и Алексова со 11 поени и исто толку скокови. Карајованова запиша 12 поени и седум скока, Мариновска придодаде 11 поени, осум скока и пет асистенции, Сарафиловска уфрли 13 поени, а во листата на стрелци се запиша и капитенот ДИмовска со еден поен и четири скока. Во редовите на Бадел 1862, дабл-дабл ефект имаше Анастасова со 15 поени и 25 скока. Китановска уфрли 10 поени и девет скока, Милановска осум поени и 10 скока, Димитријевиќ запиша 9 поени, Чолаковска шест, Стевановска еден поен.

Противник на кошаркарките од скопски Аеродром ќе биде подобрата екипа од второто полуфинале, закажано за 14:30 помеѓу екипите на Вардар и Крива Паланка додека баделки ќе се борат за бронзениот медал со поразената екипа.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М18 ЛИГА-ЖЕНИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ

24.МАЈ (САБОТА)

12:00 Бадел 1862 - МЗТ Скопје Аеродром     49-63
14:30: Вардар - Крива Паланка

25.МАЈ (НЕДЕЛА)

12:00: За трето место – Бадел 1862 - Вардар/Крива Паланка (поразен)

14:30: Финале – МЗТ Скопје Аеродром  - Вардар/Крива Паланка (победник)

*Сите натпревари се играат во салата „СРЦ Кале“ (голема сала) - Скопје