Вардар - МЗТ Скопје Аеродром ќе биде јуниорското женско финале за натпреварувачка сезона 2024/2025 откако во рамки на вториот полуфинален дуел од завршниот турнир за кошаркарки до 18 години, екипата на Вардар ја совлада Крива Паланка со убедливи 80-44 односно 29-14, 23-9, 22-6 и 6-15 по делници.
Листа на стрелци:
Вардар:
Начевска (16поени, 17 скока),Трајковска (12 поени, 14 скока), Пислевска (20 поени), Начевска М. (11 поени), Николиќ (7), Џангаровска (5), Несторовска (4), Тасовски (3), Димитровска (2)
Крива Паланка:
Груевска (21), Стојановска (7), Илијевска (6), Георгиевска (4), Тодоровска (4), Стефановска (2)

ФИНАЛЕН ТУРНИР М18 ЛИГА-ЖЕНИ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ПОЛУФИНАЛЕ
24.МАЈ (САБОТА)
12:00 Бадел 1862 - МЗТ Скопје Аеродром 49-63
14:30: Вардар - Крива Паланка
25.МАЈ (НЕДЕЛА)
12:00: За трето место – Бадел 1862 - Крива Паланка
14:30: Финале – МЗТ Скопје Аеродром - Вардар
*Сите натпревари се играат во салата „СРЦ Кале“ (голема сала) - Скопје