04.04.2024

Во доигрувањето за четири места на завршниот турнир ќе се натпреваруваат 16. екипи

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: 6. април - почеток на осминафиналните серии во М16 лигата во машка конкуренција

По одигрувањето на последното коло во Првата и двете Втори лиги, познати се и натпреварувачките броеви на екипите за онаа наредна, плеј-оф фаза во М16 лигата во машка конкуренција.

Каков е системот за натпреварување во завршниот дел од М16 лигата?

Во осминафиналето во кое се пласираа вкупно 16. екипи, ќе се играат два (2) натпревари во кои подобрата екипа во кош-количникот од двата натпревари ќе го одлучи патникот во четвртфиналната фаза.

Согласно со пласманот во регуларниот дел од сезоната, првиот натпревар се игра на теренот на послабопласираната екипа од првиот дел, односно на 6.април, додека реваншот следува за седум дена, на 13. април.

Победниците на осумте осминафинални серии ќе се пласираат во наредната фаза – четвртфиналето.

Предвидени термини за одигрување на четвртфиналните серии се:

20.април и 27. април, додека евентуалниот, трет натпревар, ќе се игра на 11.мај, на теренот на подобропласираната екипа во регуларниот дел од сезоната.

Победниците на четирите серии во четвртфиналето, ќе играат на завршниот турнир кој ќе се игра на 18. и на 19. мај.

М16 ЛИГА-МАЖИ

ПРВА ЛИГА

ТАБЕЛА: Вардар 42, Работнички 36, Водно Санс 36, Феникс 2010 34, МКК Куманово 30, МЗТ Скопје Аеродром 28, Борец баскет 23, Црн Дрим 22;

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК

ТАБЕЛА: Вибас баскет 26, ИБА баскет 26, Спортисимо 24, Струмица 22, Дино баскет Деликатес 20, Ангели 19, Ролинг 16, Кожув 15;

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД

ТАБЕЛА: Универзитет Тетово 26, Пелистер 25, Чаир 2030 23, ТФТ 22, Мега баскет 19, Охрид 18, Тетекс ТТК 18, МЗТ Уни Банка 17;

ДВОЈКИ – ОСМИНАФИНАЛЕ

ПРВИ НАТПРЕВАРИ

6. АПРИЛ

ТФТ – Вардар

Струмица – Работнички

Чаир 2030 – Водно санс

Спортисимо – Феникс 2010

Пелистер – МКК Куманово

Универзитет Тетово – МЗТ Скопје Аеродром

ИБА баскет – Борец баскет

Вибас баскет – Црн Дрим

13.АПРИЛ – ВТОРИ НАТПРЕВАРИ

Вардар – ТФТ

Работнички – Струмица

Водно Санс – Чаир 2030

Феникс 2010 – Спортисимо

МКК Куманово – Пелистер

МЗТ Скопје Аеродром - Универзитет Тетово

Борец баскет – ИБА баскет

Црн Дрим – Вибас баскет