Екипите на Бадел 1862 и Петровски ќе се борат за шампионскиот трофеј во возрасната категорија за кошаркарки до 12 години. Ова е епилогот од првиот дел од завршниот турнир во најмладата возрасна категорија што ја организира Кошаркарската Федерација.
Во рамки на првиот полуфинален дуел, кој се одигра денес во 13:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, кошаркарките на скопските екипи Бадел 1862 и Работнички демонстрираа егал игра до последниот свиреж на судиите која резултираше со победа од три поена на Бадел 1862 од 45-42. Со тоа, избраничките на искусната Анета Глигорова си закажаа финален дуел.
Петровски - домаќинот и организатор на овој завршен турнир, а и единствен клуб со екипа вон главниот град, си резервира термин за утре (9.јуни) во 15:30, време на одигрување на финалниот натпревар на овој турнир откако во рамки на второто полуфинале го совлада тимот на МВП Скопје со 28-42.
Натпреварот за трето место ќе се одигра порано во текот на денот, во 13:00 часот.
* Сите фотографии од денешните натпревари се објавени на Facebook страницата на КФСМ.
МЛАДИНСКИ ЛИГИ - ФИНАЛЕН ТУРНИР М12-ЖЕНИ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ПОЛУФИНАЛЕ
8.ЈУНИ (САБОТА)
Бадел 1862 - Работнички 45-42
МВП Скопје - Петровски Битола 28-42
9.ЈУНИ (НЕДЕЛА)
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Работнички - МВП Скопје
ФИНАЛЕ
Бадел 1862 - Петровски
*Сите натпревари ќе се играат во салата на „Боро Чурлевски“ во Битола