Екипата на Бадел 1862 од Скопје ќе биде организаторот на завршниот турнир од младинската М12 лига во машка конкуренција.
Ова е епилогот од јавното наддавање за добивање на организацискиот дел од собирот на четирите најдобри екипи во најмладата возрасна категорија во женска конкуренција.
За предвидената лицитација, со свои уплати на планираниот износ се појавија два клуба. Освен Бадел 1862, во наддавањето учествуваа и претставник на екипата на КК Петровски од Битола.
Согласно со претходно утврдениот календар, полуфиналните натпревари на кои ќе се сретнат Бадел 1862 - Струга 2009, односно Петровски - Вардар, ќе се играат на 17. мај (сабота), во салата „Независна Македонија“ во скопската населба Кисела Вода.
Наредниот ден, 18. мај (недела), на распоред се натпреварите за третото место, односно големото финале по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија од младинските лиги.

Организаторот на финалниот турнир во М12 лигата-жени, дополнително ќе ги информира учесниците за сатнините во кои ќе се играат натпреварите.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М12 ЛИГА-ЖЕНИ
ПОЛУФИНАЛЕ - ДВОЈКИ
Бадел 1862 - Струга 2009
Петровски - Вардар