Кошаркарките на Бадел 1862 си закажаа кадетско финале против врсничките од Крива Паланка откако во вториот полуфинален натпревар во генерацијата до 16 години славеа над кошаркарките на Трокал.
Првиот период измина во релативно израмнета борба на паркетот во СРЦ „Кале“. Борба за секоја топка, борба за секој поен. По кусата пауза помеѓу делниците, кошаркарките предводени од Анета Глигорова зад аут линијата го зголемија притисокот на теренот, па на полувреме заминаа со повеќе од доволна предност во однос на противникот (31-44). Играта во вториот дел беше одржување на таа предност, до конечни 66-81 односно 15-20, 16-24, 16-20 и 19-17 по делници.
Снимка од натпреварот е достапна на следниот ЛИНК.
Распоред на натпревари, среда, 16.06.2021, СРЦ „Кале“ (голема)
ЗА ТРЕТО МЕСТО
15.00: Вардар – Трокал/
ФИНАЛЕ
17.30: Крива Паланка - Бадел 1862