Во натпреварот за третото место на завршниот турнир од М14 лигата, кошаркарите на Бадел 1862 беа подобри од екипата на Крива Паланка. Славеа победа во еден неизвесен финиш од (61:53) што беше доволно да ги освојат бронзените одличја на „Фајнал-фор“ турнирот кој се одржува во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
„Баделки“ беа подобри во најголем дел од мечот, но дозволија противничките да дојдат до негатива од само четири поени (53:57) и финалните две минути да се претворат и во неизвесни. Но избраничките на тренерот анета Глигорова се одбранија и ја потврдија добрата игра со триумф вреден трето место во сезоната 2020/2021.
Од 17 часот следува финалниот натпревар на турнирот во кој ќе се сретнат екипите на Струга 2009 и на Вардар.
М14 ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Бадел 1862 – Струга 2009 29:50
Крива Паланка – Вардар 35:104
ФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Бадел 1862 – Крива Паланка 61:53
ФИНАЛЕ
Струга 2009 – Вардар