12.06.2022

Во „малото финале“ на М16 лигата, го совладаа Вардар (62:59), за трето место на финалниот турнир во СЦ „Кале“

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Битката за кадетската „бронза“ ја доби Феникс 2010

„Вардарци“ имаа високи 15.поени позитива на средина на првото полувреме. Феникс 2010 успеа да се врати до полувремето... На крајот и да победи и да го освои третото место на турнирот во М16 лигата.

ФЕНИКС 2010 – ВАРДАР 62:59

Убедливо делуваа кадетите на Вардар во првото полувреме од мечот за третото место против Феникс 2010. Од минута во минута го зголемуваа своето водство, кое во финишот на втората четвртина беше и највисоки (41:26).

Но Феникс 2010 имаше подобра завршница на полувремето. Со серија од (12-0) „сино-жолтите“ успеаја да се вратат во натпреварот. И на голем одмор да заминат само со три поени негатива (38:41).

Нивната серија продолжи и во уводните минути од третата четвртина во кои дојдоа и до комплетен резултатски пресврт, поведоа со (44:42).

Нешто подоцна, во 26.минута,  имаа и повисоки (49:46). За четвртината во која на противникот му дозволија да постигне само девет поени, да ја затворат со (54:50).

Последните десет минути од битката за бронзата се претворија во неизвесни. Младите кошаркари на Вардар успеаја да ја вратат предноста на својата страна. На средина од последниот дел, поведоа со (59:56).

ЗАВРШЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ – ПОЛУФИНАЛЕ

Академија ФМП – Феникс 2010          70:64

Водно Санс - Вардар           56:40

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Феникс 2010 – Вардар    62:59

ФИНАЛЕ

19.30: Академија ФМП – Водно Санс