19.05.2024

Во „малото финале“ на М14 лигата, кумановци беа подобри од тетовски Љуботен (65:52) за трето место на финалниот турнир

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Бронзените медали за МКК Куманово

Младите кошаркари на МКК Куманово се освојувачи на бронзените медали на финалниот турнир кој овој викенд се одршува на „нивни терен“ во салата 2Перо Наков“ во Куманово.

Во натпреварот за третото место, младиот кумановски состав беше подобар од тетовски Љуботен, а крајот тоа изгледа дури и и убедливо (65:52).

МКК Куманово – Љуботен        65:52

(19-10: 16-15; 10-13; 20-14)

МКК Куманово: Ангеловски 39, Величковски 5, Гориќ 5, Димковски 3, Додевски 4, Ангеловски, Андоновски, М.Димковски 6, Петковски 3, Јосевски, Младеновски , Аврамовски:

Љуботен: Бачоски 33, Димитриевски, Добревски 6, Сарџоски, Билбиловски , Кироски 6, Тодоровски, Павловски 2, Томиќ, Мазникар, Томовски 1, Павлоски 4; 

МКК Куманово беше подобрата екипа во „малото финале“. Имаше постојана резултатска предност која во најголем дел беше и двоцифрена.

Само пред крајот на третиот период Љуботен се закани и намали на негатива од само три поени (42:45).

Но домашната екипа го имаше одличниот Ангеловски, кој втор ден по ред го наполни кошот на противникот. Го одбија тој напад „сино-белите“, ја вратија двоцифрената предност, и стигнаа од триумфот.

Ангеловски го заокружи новото одлично издание со 39.поени, додека на другата страна му парираше Бачоски кој реализираше 33.поени.

Во големото финале на турнирот во Куманово, ќе играат екипите на Водно Санс и на Вардар.

 

М14 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ

МКК Куманово - Вардар 91:93

Водно санс – Љуботен   69:60

ЗА ТРЕТО МЕСТО

МКК Куманово – Љуботен        65:52

ФИНАЛЕ

13.30: Вардар – Водно санс