12.05.2024

Во натпреварот за третото место на финалниот турнир во М12 лигата, екипата од Аеродром подобра од домаќините (50:40)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: „Бронзите“ за младите кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром е освојувач на бронзените медали на завршниот турнир од М12 лигата во машка конкуренција.

Во натпреварот за третото место, младите аеродромци со подобра игра особено во второто полувреме, славеа победа против екипата на Борец баскет со (50:40).

Откако двете екипи се менуваа вп водството во текот на првото полувреме, кое заврши со предност на гостите од Скопје со резултат (28:26), МЗТ Скопје ја презема контролата на почетокот на второто. Имаа и двоцифрено водство во добар дел од тој дел од играта, за на крајот да се радуваат на триумфот вредне трето место во оваа натпреварувачка сезона.   

Од 18.часот, исто така во салата „Гемиџии“ во Велес, ќе се одигра и финалниот натпревар од М12 лигата во кој ќе се сретнат екипите на Водно Санс и на Феникс 2010.

ЗА ТРЕТО МЕСТО

БОРЕЦ БАСКЕТ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ  40:50

(12-13; 14-15; 7-15; 7-22)

Борец баскет: Јанковски 2, Ф. Кимов 21, Љутков 2, Пановски 11, Д.Кимов 2, Здравкин, Попов 2, Шопов, Ангелов, Стојанов, Ристов 1, Петков

МЗТ Скопје Аеродром: Мишев 9, Вучковиќ, Златановски 2, Ќулев, Михајлов 13, Петровски 10, Салихиќ 14, Спировски 2, Стојанов, Алексовски, Радевски, Јовановски;

М12 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Водно Санс – Борец баскет       69:56

Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром 46:34

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Борец баскет – МЗТ Скопје Аеродром         40:50

ФИНАЛЕ

18.00: Водно Санс – Феникс 2010