Овој викенд на ред е и вториот финален турнир во младинските лиги, а согласно со распоредот, ќе се игра завршницата во М14 лигата во машка конкуренција.
Екипата на МКК Куманово ја доби организацијата на турнирот, кој во периодот 18-19.мај (сабота и недела) ќе се игра во спортската сала „Перо Наков“ во Куманово.
Првото полуфинале во кое ќе играат екипите на МКК Куманово и Вардар е закажано сабота, од 12 часот. А нешто подоцна, од 15. часот, за место во финалето ќе разигруваат екипите Водно Санс и на тетовски Љуботен.
Победникот на финалниот турнир во Куманово ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 19.мај (недела) од 15. часот.
Нешто порано, од 12.часот, на распоредот е натпреварот за третото место.
М14 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
18.МАЈ (САБОТА)
ПОЛУФИНАЛЕ
12.00: Вардар – МКК Куманово (1)
15.00: Водно санс – Љуботен (2)
19.МАЈ (НЕДЕЛА)
12.00: За трето место (поразен 1) – (поразен 2)
15.00: Финале (победник 1) – (победник 2)
* Сите натпревари се играат во салата „Перо Наков“ во Куманово